Breaking News

Орпо: ЕУ треба да и помогне на Финска да го спречи протокот на мигранти низ Русија


Европската унија треба да преземе мерки за да и помогне на Финска да го спречи протокот на мигранти преку Русија, изјави денеска финскиот премиер Петери Орпо.


„Подготвуваме сопствен закон, но ни требаат и мерки на ЕУ“, рече Орпо по посетата на границата на оваа нордиска земја со Русија заедно со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.


Финска ја затвори границата со Русија минатата година поради зголемениот број пристигнувања на мигранти од различни земји, вклучувајќи ги Сирија и Сомалија, и ја обвини Москва дека ја користи миграцијата како оружје против неа и ЕУ, што Кремљ го негира.

По примерот на Полска и Литванија на нивните граници со Белорусија, финската Влада подготвува легислатива што ќе им овозможи на граничарите да ги блокираат барателите на азил да влезат во земјата од Русија.


рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА