Рама: Косово нема да чека долго на конечното признавање

од Nikola Popovski

Премиерот на Албанија Еди Рама смета дека ќе има конечно признавање на Косово и дека за тоа нема долго да чека, пренесува „Репортери“.

Во Тирана, на заедничката седница на собранието на привремените институции на Приштина и на Парламентот на Албанија, Рама рече дека верува оти наскоро ќе дојде до конечното признавање на Косово, пренесува „Клан Косово“.

„Верувам дека Косово нема да чека толку долго колку што чека од прогласувањето на независноста за конечно да биде меѓународно признато и да биде присутно во секоја инстанца на целокупната општа организација на светот во кој живееме“, дециден е Рама.

Во Тирана денеска се одржа заедничка седница на собранието на приштинските институции и на Парламентот на Албанија, по повод одбележувањето на 110-годишнината од независноста на Албанија.

Тој во својот говор ги споменал и терористичката ОВК, Демократскиот сојуз на Косово и поранешниот лидер на оваа партија Ибрахим Ругова, наведувајќи дека без нив „не може да се сфати денешниот ден“ и дека Хашим Тачи, кој е обвинет за воени злосторства, бил привремено одвоен од нив.

Во моментот кога Рама почнал да зборува, пратениците на Демократската партија ја напуштија собраниската сала.

Слични содржини