Во црвена воја, со лушпи од кромид или со апликации – како штипјанки ги вапцаа јајцата за Влеигден?

И оваа година денеска на Велики четврток уште во раните зори домаќинките ги бојадисаа првите велигденски јајца. Дел од нив традиционално не отстапуваат од црвената боја, додека пак други во шарени бои, салфетки, шари, ги изработија своите јајца.

„Па старовремски ставам вода, малку солца, сварат се у друго лонче растворам боичка и топли додека се, префрлувам ги таму. Ваа година малку повеќе, иначе обично за адет околу таму 5-6 на пример чисто за адет.“

„Да, сабајле рано. Прво црвени па после сабота од сите бои, па и за децата да се радуват. У боички шарени, салфетка, памук, така.

Во зависнот од желбата, некогаш се бојадисуваат по три јајца, а некогаш и повеќе. Поголемиот дел од нив само ги бојадисуваат во црвена боја без никаква апликација, додека пак некои ја експериментираат својата уметност со цел да бидат поубави и поукрасни.

„Па како секоја година се вапцат црвени јајца ,првите три за куќата, Господ и за нас за здравје. После си и фарбаме другите јајца и си ги украсуваме . Па може истио ден може и кога ќе посакате, повеќе време да си посветете на нив, да си ги украсете да си ги дотерате за да бидат убави, затоа шо Велигден ни е најголем празник и сакаме се да ни биде убаво.

„Обично со боја, црвена тоа ми е нај, така. Коа беа помали децата и пошарени сега едноставно црвени. Чисто едноставно црвени. Обично како шо зборат три. Обично у сабота си ги фарбам сите“

Црвената боја е од особено значење, затоа што таа ја симболизира преродбата, крвта на Господ за мачењето на народот. Но, во поново време присутни се и жолтата , зелената, сината и виолетовата боја.

Лаура Стојанова, М-Нет