10.04.2025 18:55
Вести Македонија Најважни

Четиригодишно девојче загина во сообраќајна несреќа кај Патишка Река, 19-годишен возач е уапсен

Од повредите добиени во тешка сообраќајна несреќа на локалниот пат с. Патишка река – с. Осинчани, скопско, вчера во болницата „Св.Наум Охридски“ почина девојче кое било во еден од автомобилите кои се судриле. Девојчето било родено во 2021 година.

Жртвата била во мерцедес со кој се возеле членови на скопско семејство, а останатите тројца од тој автомобил се повредени. Повреден е и 19-годишниот возач кој го управувал вториот автомобил марка голф.

Деветнаесетгодишниот возач од Студеничани е уапсен и за него е отворена истрага за „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за што законски е пропишана минимална затворска казна од четири години.

Полицијата го истражува случајот заедно со обвинителството кое ја води истрагата.

Соопштението на МВР во продолжение:

На 06.04.2025 околу 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Патишка река – с.Осинчани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од У.О.(19) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(29) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од патничкото возило „мерцедес“, која била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде починала.  Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција. Со телесни повреди се здобиле возачот  Ф.А., сопатничката Р.А.(24) и уште една малолетна сопатничка, двете од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, како и возачот У.О., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а У.О. бил лишен од слобода по член 300 став 2, а во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД дополнително ги зголеми царините за Кина – сега изнесуваат 145 отсто

Дејан Дејан

Нема помор на риби во Дојранско Езеро, смирува градоначалникот Ангов

Дејан Дејан

Многу неискористени студии за развојна Пелистер, се најавува нова

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе