Поврзете се со нас

Свет

Морган излезе со информација за трансферот на Роналдо во Саудиска Арабија (ФОТО)

Објавено

на

Кристијано Роналдо е без клуб веќе некое време и останува дилема, отворено прашање која ќе неговата следна дестинација по раскинот на соработката со Манчестер Јунајтед.

Португалецот освен во својата татковина има настапувано уште во Англија, Шпанија и Италија, а најновите вести говорат дека нов негов дом ќе биде Саудиска Арабија и Ал Наср. Шпанска „Марка“ денеска излезе со вест дека се е договорено и дека ветеранот ќе потпише договор во времетрање од две ипол години, период за кој ќе заработи неверојатно богатство.

„Марка“: Готово е, Роналдо ќе заработува речиси три пати повеќе од Меси! (Фото)

Меѓутоа набрзо по оваа информација со краток коментар се јави Пирс Морган, човекот кој му го направи бомбастичното интервју на Кристијано, човек кој важи за близок пријател на големата фудбалска ѕвезда.

-Повторно, ова не е точно-порача Морган на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни