29 Март, 2024
0.3672

ОД МАРКЕТ ВО МАРКЕТ ПО НАЈЕВТИНИОТ ПРОИЗВОД, два месеци компаниите добиваат поевтина енергија, но цените не паѓаат

Објавено во: Економија 27 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Поевтината струја за компаниите не донесе и пониски цени на производите во продавниците. Цените на најголем дел од производите остана исти, повисоки иако изминаа два месеци откако компаниите добиваат поевтина енергија.

Граѓаните револтирани, велат, што поскапе, не се враќа назат.

Кај основните прехрамбени производи кои поскапеа од 50 до 100 отсто, ретко кој се намали. Само кај зејтинот има намалување од највисоката цена на која се искачи овој произво, но и понатаму е поскап од периодот пред да започнат да растат цените.

Денес низ маркетите зејтин од сончоглед се наоѓа грубо по цена околу 110 денари, и тоа во поголеми ланци на маркети, кои важат за маркети со пониска маржа и имаат производи по пониски цени. Кај останатите трговци, но и кај малите продавачи, овој производ има повисока цена.

Значајно се зголеми и цената на лебот, од некогашни 25 денари за бело лепче, достигнавме до цени од 50 денари и нагоре. Во одредени пекари има благо намалување на лебот, но тоа е минимално, и генерално зависно од типол лебот се продава од 40 денари па нагоре. Секако се зависи од типот на леб, дали е пакуван, сецкан, со додатоци...

Дури и брашното како основен продукт ја дуплираше својата цена, но со поевтината енергија, не се намалени цените. Денеска килограм брашно се наоѓа по цени од 44 денари па нагоре, поголеми пакувања од две или пет килограми може да се најдат по малку пониски цени, но и тоа е зависно од производителот и од маркетот каде се набавува.

-  Се поскапе, дури да те фати страв да влезеш во продавница. Цените во малските продавници воопшто не се намалени, а дополнително што дури се многу поскапи од големите маркети. Не примораа на старост да одиме по продавници и да бараме поевтини производи. Јас можам да прошетам па одам во подалечните маркети да набавам она што можам по пониски цени, но не секој повозрасен може да патува, ниту пак да носи храна од подалеку. Дополнително да се влече кашкавал, сирење или други млечни производи по автобуси е апсурдно, но за жал и тоа мораме – вели шеесет и шест годишната Трајанка од скопско Лисиче.

Млекото иако влезе во листата на основни производи и компаниите добиваат струја по пониски цени и понатаму останува со изгор цени. Најевтино млеко може да се најде во два големи синџири маркети каде цените се движат од 60 до 65 денари за литро млеко, и тоа се претжно увозни производи. Домашното млеко се продава по цена од 77 денари и нагоре.

Кога се зборува за основни продукти, граѓаните забележуваат дека драстично поскапување имаа и млечните произовди, чии цени исто така не се намалени, па наместо некогашните 300 денари за килограм кашкавал, денеска најниските цени се околу 500 денари за килограм. Слична е состојбата и кај сувомеснатите производи, каде има минимално намалување, но сепак, цените се значително повисоки од претходно. Месото исто така поскапе, ако некогаш имаше свинско месо за цени до 300 денари за килограм, денеска свинското месо со поевтинувањето се наоѓа за цени околу 400 денари. Останатите типови месо се уште поскапи.

Но, не е само храната поскапена, напротив сите основни продукти неопходни за функционирањето на едно домаќинство добија повисоки цени. Еден таков производ е тоалетната хартија, која денес се продава по цени кои се најмалу 50 денари повисоки, а во некои случаи и многу повеќе од претходно. Поскапеа и влажните марамици, прашаците за перење... Во суштина нема што не поскапе, што беше потвредно и од статистика со измерената годишна инфлација.

Владата под притисок на јавноста овозможи компаниите да добиваат поевтина енергија, со најава дека пониските цени за струјата ќе резултираат со барем 10 отсто намалување на цените на производите во маркетите, но за жал тоа се уште не се забележува.

Списоците кои беа објавени од институциите, покажуваат дека меѓу компаниите има од секоја област фирми кои добиваат пониски цени за струја.

Дополнително последниве месеци извештаите на ФАО, Организацијата за храна и земјоделство на ОН покажуваат оти цените на храната на светско ниво се намалуваат, но ниту ова не влијаеше на цените во нашата земја.

Владините претставници под притисок на медимите велеа дека имаат механизми да ги натераат компаниите да ги намалат цените, но потоа посочија дека мерките вродиле со плод и дека цените веќе се намалени.

Сепак, намалувањето не го гледат граѓаните кои шетаат од продавница во продавница да најдат каде е поевтин посакуваниот производ.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие