Русија тагува по жртвите од масакрот, Путин запали свеќа на Денот на жалоста

by Fokus

Илјадници луѓе ширум Русија вчера на дождот во Москва им оддадоа почит на загинатите во терористичкиот напад извршен во петокот вечерта во концертната сала „Крокус сити хол“, а изразувањето на тагата за овој масакр продолжи и денеска.

Свештениците започнаа молитви за душите на убиените, а знамињата беа спуштени на половина копје.

Рускиот претседател Владимир Путин запали свеќа во спомен на жртвите од нападот на Денот на националната жалост на 24 март.

Поврзани новости