Top Sport

(Видео) Роналдо е лош губитник, ги загуби нервите против Ал Хилал

Кристијано Роналдо остана без трофеј во Суперкупот, а полуфиналниот дуел на неутрален терен со Ал Хилал го заврши пред официјалниот крај на натпреварот. Португалецо во финишот на натпреварот доби црвен картон.

Кристијано Роналдо доби директен црвен картон во 86. минута откако ги загуби нервите и со лакт удри играч на Ал Хилал во обид што побрзо да дојде до топката и изведе аут.

Судијата му го покажа патот до соблекувалната, што на Роналдо воопшто не му се допадна.

Во тој момент од трибините се скандираше „Меси, Меси, Меси“.

Португалецот потоа саркастично му аплаудираше на судијата, а потоа ја повика публиката во Абу Даби да го стори истото. Тоа беше 12. исклучување на Роландо во кариерата, прво по шест години, кога беше исклучен како играч на Јувентус во 2018 година против Валенсија во Лигата на шампионите.

Scroll to Top