Вести Македонија

Изготвен е план за рационализирање на трошоците во здравствените установи, тврди Министерството за здравство

По донесување на мерките и препораките за рационално користење на електричната енергија од Економско-енергетскиот совет на Владата во пресрет на грејната сезона, донесена е одлука јавните здравствени установи да склучат договори за електрична енергија преку ЕСМ продажба по поповолна цена од берзанската, соопшти Министерството за здравство.

Оттаму посочуваат дека во координација со здравствените установи изготвен е план и дадени се насоки до сите јавни здравствени установи, со цел рационализирање на сметките и трошоците за оваа намена, но истовремено, како што велат, грижата за пациентите и обезбедувањето здравствена заштита останува врвен приоритет на Министерството за здравство и јавните здравствени установи.

Досега, како што наведуваат, 24 здравствени установи имаат потпишано договор со ЕСМ продажба, од кои три се во фаза на потпишување и тие веќе добиваат електрична енергија по многу поповолна цена.

Во рамки на административната зграда на Министерството за здравство не се користат дополнителни грејни тела и се користи централно греење од клиничкиот комплекс. Во Министерството е назначено и посебно административно лице за проверка на рационалното користење на електричната енергија. Почитувајќи ја сензитивноста на здравствениот сектор, дел од мерките се однесуваат на рационално користење на осветлувањето, редовно менување на филтрите на клима уредите, замена на стари прозорци со енергетско ефикасни, поставување штедливи сијалици и слично, стои во соопштението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Новинарите во Србија подлегнуваат на самоцензура поради закани

Дејан Дејан

Како се трошат милиони: Десет од избирачки одбор пребројувале 7 гласови и чекаат втор круг на далечниот исток

Дејан Дејан

МЗ: За случајот со Токсикологија ќе се постапи согласно добивањето на заклучоците од инспекциските надзори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе