Мајсторија на Мората, Нојер немоќен: Шпанците поведоа против Германија

Шпанија прва дојде во водство на големото дерби против Германија, откако Алваро Мората и на вториот меч како резерва успеа да се запише меѓу стрелците на овој светски шампионат.

Асот на Атлетико Мадрид влезе во игра во второто полувреме и веднаш стрелаше прецизно, мајсторски совладувајќи го Нојер по центаршутот од левата страна на Жорди Алба.

Доколку резултатот остане ваков, Шпанците по две кола ќе го осигураат пласманот во осминафиналето, но Германците и покрај двата порази се уште би имале шанса за нокаут фазата, за што ќе им биде потребна победа од два гола над Костарика и триумф на Шпанија на вториот меч од третото коло против Јапонија.

Се вчитува...