Струга Вреди! – Ветија враќање на вниманието на Владата за овој град

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Причината за лошата состојба во која моментално се наоѓа Струга,според носителот на листа од коалицијата ВРЕДИ на ИЕ5, Салим Сулејмани, е не ангажманот на институциите. Вети дека Струга ќе биде во фокус на идната влада.

Јас како следен пратеник во Собранието на Република Северна Македонија ќе се заложам Струга да биде во центарот на вниманието за инвестиции и развој на туризам, економски и инфраструктурен развој“, вели Салим Сулејмани.

На овој митинг на ВРЕДИ во Струга на присутните им се обратија и носителите на другите изборни единици, но и лидерите на партиите кои ја сочинуваат коалицијата.

Ни треба повеќе вработување на жени и девојки, затоа ни требаат повеќе детски градинки. Потребна е помош за воспитување на децата, па ќе почнеме со додатоци за деца до 18 години“, вели Биљал Касами.

Разликата е во тоа што оваа коалиција е коалиција што ја побара народот, што ја побара албанскиот гласач, овој пат научивме да го слушаме албанскиот гласач, кој со години ни велеше да се собереме за да бидеме победници, бидете заедно за да бидете фактор на политичката сцена и да ги претставувате Албанците во Влада“, вели Изет Меџити.

Овде зборуваше и претставникот на Самоопределувањево Македонија, Беким Ќоку, кој рече дека најубавиот град не може да биде најкорумпиран и додаде дека волјата на стружани не се корумпира лесно.