Вести Македонија Топ вести

Слушајте ги научниците, не дезинформациите – европска недела на имунизација

Уште четири лица поради голема кашлица завршија во болница минатата недела, а во периодот меѓу 19 и 25 април се регистрирани нови 27 случаи, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје. Заболените се на возраст од  еден месец до 54 години, а најголем број од нив се меѓу 10 до 14 години. Повеќе од половина од новите случаи, односно 15 се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус.

И додека од големата кашлица секојдневно има нови заболени, во градскиот парк се одбележа Европската недела на имунизација со повици за поголема вакцинација.

Евроамбасадорот Дејвид Гир порача дека повеќе од 50 години вакцините кои ги примил како дете го штитат и имунизацијата е едно од најголемите достигнувања на човештвото, но сега има многу дезинформации, против кои треба да се бориме.

„Она што ни е пред се потребно е едуцирање, заедно со настани како овој за достапност на имунизацијата. На таков начин може да помогнеме стапките на имунизација низ земјата да растат. Кога ова не се случува ги гледате последиците со појава на болести кои не треба да ги има во земјата“, рече Гир.

Имунизацијата и до денес е една од најголемите изуми на човештвото за заштита на здравјето и со вакцините се спасуваат децата од најлошото, порача Патриција де Џовани од УНИЦЕФ. А според неа, во земјава се оди наназад во нивото на имунизација.

„Знам дека сите ги сакаме децата. Ајде заедно да се потрудиме да ги заштитиме од разболување, од тешки попречености и од смрт. Најголемата закана се дезинформациите и погрешните информации и затоа ве молам слушајте ги научниците“, додаде таа.

Министерството за здравство презема активности за подигнување на свеста за потребата од имунизација и зголемување на достапноста на вакцини. За прв пат се спроведува и теренска вакцинација насловена „Спринт за вакцинација“ каде се вклучени сите 34  здравствени домови, а предвидено е да посетат 3000 семејства.

Досега во земјава има 516 случаи на голема кашлица. Но, забележано е и околу 41 отсто намалување на бројката на заболени, споредено со претходниот седмодневен период. Најголем дел од случаите се во Скопје.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачевски заминува, СДСМ во јуни ќе бира претседател и раководство

Дејан Дејан

Сите се прогласија за победници во албанскиот блок, но кој ќе биде иден партнер во Владата?

Дејан Дејан

Преговори за влада од следната недела, ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе