logo
logo
logo

Докторите не се чувствуваат виновни за случајот со родилката Веапоска

Vecer | 24.01.2023

Докторите не се чувствуваат виновни за случајот со родилката Веапоска

Во струшкиот Основен суд денеска се одржа рочиште од судскиот процес на Јилдиз Веапоска, родилката од Дебар на која и беа отстранети три органи по породувањето со царски рез, против тројца лекари од Болницата во Струга.

Прв пат на денешното рочиште во судницата се сретнаа оштетената Веапоска и обвинетите. Давајќи исказ за целиот случај на Вепоска и се слошило во судницата, па по пет минутна пауза рочиштето продолжило.

Обвинетите лакари, пак кажале дека не чуствуваат вина и побарале ново вештачење за случајот.

– Многу е тешко да останеш без органи и да се расправаш по судски врати со докторите кои не ја признаваат вината, изјави Вепоска по рочиштето.

Првоосомничениот, гинекологот и тогашен директор на Болницата во Струга, Мухамед Асани одби да даде изјава за медиумите.

Според обвининето, тројцата лекари се товарат дека на родилката Веапоска и отстраниле бубрег, матка и јајник. Како што е појаснето при породувањето со царски рез и ја оштетиле левата бубрежна артерија, но не презеле мерки, туку и давале терапија при што паднала во шокова состојба. Повторно ја оперирале и ја отстраниле матката и левиот јајник иако не биле оштетени. Крварењето не престанало па со втор зафат утврдиле дека е оштетена артерија. Тогаш и бил отстранет и левиот бубрег и била пренесена на КАРИЛ во Скопје.

Судскиот процес почна во јуни минатата година, но поради отсуство на обвинетите неколку пати беше одлаган. Следното рочиште е закажано за 10 март.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk