Албанци го блокираа Лондон за прослава; Фараж: Боже помогни

Голем број Албанци завчера излегоа на улиците на Лондон за да го прослават Денот на независноста на нивната земја. На бројни видеа од центарот на Лондон се гледаат мажи и жени во скапи автомобили како веат албански знамиња додека полицајците бараат од нив да престанат да го блокираат сообраќајот.

-Полицијата е известена дека на одредени патишта се собира поголема група возила. Нашите припадници веднаш излегле на терен со цел да се минимизира можноста за нарушување на сообраќајот, се вели во соопштението на полицијата. Оттаму додаваат дека при полициската акција е приведено едно лице.

-Додека мажите во автомобили свиреа и дрифтаа, девојчињата во народни носии изведуваа традиционални народни ора, а беа фрлани и петарди. Видеата и фотографиите кои се раширија на социјалните мрежи предизвикаа бурни реакции кај другите лондончани, пишува Дејли мејл.

Свој коментар даде и Најџел Фараж, британски политичар и еден од најпознатите поддржувачи на брегзит.

-Ова се случуваше синоќа во Лондон. Господ нека ни е на помош, напиша Фараж на својот твитер-профил.

Претходна вестПресуди за убиството на Денис Тот: 18 години затвор за Левковска и Ѓоргиевски, 16 години за Костовски
Следна вестИлија Пенушлиски: Повлечете ја мојата слика, не сакам да бидам дел од изложбата во Бугарскиот културен центар