Ќе заспиете како бебе: Звуци кои гарантираат слатки соништа

154
Фото:пекселс

Сè повеќе луѓе имаат потешкотии да заспијат. Особено по активен ден полн со стимулација. Постојат звуци кои можат да ви помогнат полесно и сигурно да заспиете без мачење речиси моментно.

Преку истражување, научниците дошле до листа на звуци кои докажано помагаат да заспиете побрзо. Тие звуци ги споија во едно име – кафеав шум. Името го добил по шкотскиот ботаничар Роберт Браун, кој ги открил звуците на полен кои се движат низ водата.

Тајната е во изедначениот тон на бучавата. Кога ќе слушнеме таков звук, мозокот го доживува како безопасен, што дава чувство на смиреност и го намалува отчукувањата на срцето, што е неопходно за спиење.

Еве кои звуци можат да ве заспијат речиси веднаш:

– Звук на клима уред или голем вентилатор
– Шушкање лисја
– Вода за туширање
– Гром
– Бранови кои удираат во карпите
– Звукот на водопад
– Силен дожд
– Машина за перење
– Правосмукалка