Досега префрлени 84 милиони евра од унгарскиот кредит кон Македонската развојна банка, голем интересот кај компаниите
- Вкупно 84 милиони евра од унгарскиот кредит се префрлени кон Македонската развојна банка, а интересот кај компаниите е многу поголем од очекуваниот, вели министерката за финансии Гордана Димитриоска Кочовска.

Скопје, 14 април 2025 (МИА) - Вкупно 84 милиони евра од унгарскиот кредит се префрлени кон Македонската развојна банка, а интересот кај компаниите е многу поголем од очекуваниот, вели министерката за финансии Гордана Димитриоска Кочовска.
Како што изјави денеска, средства се бараат од сите сектори.
- Интересот кај компаниите е голем, очекуваме да бидат исцрпени предвидените 250 милиони евра, истакна Димитриоска Кочовска, одговорајќи на новинарски прашања по одбележувањето на Денот на Царината. мч/бак/
Фото: МИА