Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ ја прекина негативната АБА серија со победа над Мега

Објавено

на

МЗТ Скопје ја победи екипата на Мега со 94:82 и ја оствари втората победа во регионалната АБА лига.

Македонскиот првак постојано го контролираше резултатот во второто полувреме, навреме се одлепи од противникот во последнот период и заслужено стигна до триумфот пред своите фанови.

Кафи со 14, В. Стојановски со 12 и Д.Стојановски и Бурсаќ со по 11 поени беа најефикасни во редовите на нашиот претставник, додека кај Мега,  Бранковиќ и Ѓуришиќ реализираа по 18 поени.

За МЗТ Скопје ова е втора победа во актуелната сезона на АБА и значи прекинување на серијата од три порази по ред во регионалното друштво.

МЗТ и Мега сега имаат ист скор на табелата (2:6), а утре ќе биде јасно на кое место ќе биде скопскиот тим по осмата рунда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни