Македонија
ДПИ со соопштение за мониторинг на цени на производи од „Новогодишна кошница“
Имајќи предвид дека од денес започнува кампањата на Владата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме!“, Пазарниот инспекторат низ цела Македонија врши контроли во ланци на маркети кои согласно закон вршат дејност и во недела, со цел мониторинг на цените на производите кои се опфатени со „Новогодишната кошница“.
Од мониторингот е уврдено дека цените на производите од „Новогодишната кошница“ се намалени за 10% и на рафтовите се ознечени со соодветната ознака. Мониторингот на цените се врши во согласност со Законот за заштита на потрошувачите и Законот за трговија, односно се гледаат сегашните цени на производите кои ги содржи листата од „Новогодишната кошница“ заедно со најниските цени на истите производи кои биле применувани во последните 30 дена.
Кампањата ќе трае до 15 јануари 2025 година, а Државниот пазарен инспекторат ќе врши контрола низ маркетите за да утврди дали се почитува договорот постигнат помеѓу Владата и трговците. Во кампањата се вклучени 80 трговци, со листа од над 800 прехранбени производи која граѓаните може да ја најдат на веб страната www.mojakosnica.mk. Дополнително се очекува листата да се проширува и да опфати над 1000 производи.
Преку оваа мерка ќе се помогне за подигнување на животниот стандард на граѓаните и достапност на основните прехранбени производи во текот на новогодишните празници.
Доколку граѓаните забележат било какви манипулации да пријават на 191 или на www.dpi.gov.mk, истакна Директорот на Државниот пазарен инспекторат, г-дин Влатко Стојкоски
Македонија
Вечерва поскапува само „95-октански“ бензин, додека останатите нафтени деривати не ја променуваат цената
Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,11%. Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.12.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.12.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 70,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,039 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.12.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 45,784 ден/кг, извести Регулаторната комисија за енергетика.
Македонија
МВР истакна нова дигитална услуга, ќе може да се издава уверение за државјанство онлајн, односно преку националниот портал за „услуги/uslugi“
Министерството за внатрешни работи денес ја промовираше наградената услуга за електронско издавање на уверение за државјанство која е достапна преку националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk
–„Услугата која и досега беше достапна на порталот иако можеше да се аплицира во секое време, сепак издавањето на е-државјанството беше можно само во работно време. Отсега услугата станува целосно дигитална и граѓаните може да аплицираат во секое време и за само една минута по поднесувањето на барањето, доколку е се во ред, добиваат позитивен одговор и можат да го симнат документот од системот. Дигитализација на услугите и процесите во министерството се еден од нашите врвни приоритети како Влада и како министерство. Граѓаните заслужуваат брзо и ефикасно да ги добиваат своите документи кои институциите се должни да им ги обезбедат. Дополнително процесите на дигитализација во огромен процент ја намалуваат можноста од корупција од која страда нашето општество, така што преку дигитализацијата се води и борбата со корупцијата.“, истакна министерот Тошковски.
Националниот портал uglugi.gov.mk минатата недела беше ребрендиран и редизајниран од министерството за дигитална трансформација, е централен портал каде се достапни сите електронски услуги на институциите во државата.
Тошковски потенцираше дека се министерството за внатрешни работи забрзано работи и на дигитализација и на други услуги кои ќе бидат достапни за граѓаните во следниот период.
Македонија
(ФОТО) Нови моторни возила за дел од едниците на полицијата
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на министерството официјално ги стави во функција дел од моторните возила набавени за потребите на организациските единици на МВР и БЈБ.
„Во насока на нашата посветеност да градиме вистински опремена, модерна и европска полиција која ќе има капацитет за борба со сите видови криминал и заштита на безбедноста на сите граѓани на Македонија денес имам можност да ги ставиме во употреба нови автомобили обезбедени за потребите на полициските сектори и единици. Се работи за автомобили од производителот Шкода набавени од страна на министерството на јавна набавка, во насока на обновување на возниот парк на министерството кој е во незавидна состојба и кој планираме во следната година да го реобновиме во најголем дел.
Македонската полиција ќе биде гордост и носител на безбедноста на македонските граѓаните и се стремиме кон остварување на оваа цел. Продолжуваме во следната година со навистина амбициозни цели на градење нови полициски станици, нови униформи за најголем број полициски единици и модернизација во секој сегмент на работењето на полицијата“, потенцираше министерот Тошковски.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за Нова година (вторник 31 декември)
-
Кичево2 часа
(ВИДЕО) Со огномети во разни бои Кичево вечерва ја дочека Новата 2025 година, бидете најсреќни!
-
Хороскоп4 часа
Новогодишен Хороскоп (1 јануари)
-
Lifestyle8 часа
Најубавите пораки за Нова 2025 година, честитајте, посакајте си здравје, љубов, среќа, мир и благосостојба!
-
Автомобили1 ден
Според германскиот „авто клуб“, ова се најдобрите, но и најлошите автомобили за 2024 година
-
Временска прогноза5 часа
На самиот старт од новата 2025-та година, доаѓа поларен бран кој ќе донесе минусни температури и врнежи
-
Македонија2 дена
Вечерва поскапува само „95-октански“ бензин, додека останатите нафтени деривати не ја променуваат цената
-
Скопје2 часа
Машка година, првото бебе родено 1 минута после полноќ е машко, тежи 3190 грама – Живо и здраво да биде!