Еден од главните играчи на Манчестер неколку недели е „во аут“

Манчестер јунајтед привршува уште една сезона која во клубот нема да ја паметат многу по добро, а единствена шанса да стигнат до трофеј е ФА купот, каде што играат во полуфиналето. Во пресрет на најважниот дел од сезоната, тренерот Ерик тен Хаг остана без еден од главните играчи во дефанзивниот ред, Рафаел Варан.

Искусниот француски одбранбен играч заработи мускулна повреда на ногата на дуелот против Челзи, кој Црвените ѓаволи го загубија во финишот на неверојатен начин со 4:3.

Според лекарските прогнози, Варан се очекува да се врати пред крајот на мај, што значи дека ќе пропушти неколку недели и повеќе важни средби. Французинот сезонава одигра вкупно 30 меча за Манчестер јунајтед и постигна еден гол.

Црвените ѓаволи моментално се на шестото место во Премиер лигата, а следниот меч го играат утре, и тоа на гости кај Борнмут.

- Оглас -

Најнови вести