Утрински Весник
Балкан

Вучиќ го осуди нападот врз хрватските граѓани во Панчево

Vuchi 2.webp.webp

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска го осуди физичкиот напад врз четворица хрватски државјани во Панчево минатиот викенд и додаде дека надлежните органи ќе направат сè за да ги гонат одговорните за тој инцидент.

„Тоа е недозволиво, никаде не смее да се случи такво нешто, ниту кај нас, ниту во регионот“, рече претседателот на Србија на отворањето на Бизнис саемот во Мостар.

Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска претходно испрати протестна нота до Србија во врска со физичкиот напад врз четворица хрватски државјани минатиот викенд во Панчево.

Можете да прочитате

Владата на Косово го подготвува својот Нацрт-статут на ЗСО до крајот на мај во Уставниот суд

Романските граничари откриле 62 сириски мигранти на граничниот премин со Бугарија

Пленковиќ: Бејби Лазања добива 50.000 евра од Хрватска