Доктор Стрејнџ или Никола Тесла?

Ви подготвивме интересно едукативно видео за Никола Тесла.

Алатките кои ги користевме се едноставни. Midjourney (генеративна вештачка интелигенција) за сликите и CapCut, бесплатна и лесна за користење програма за едитирање видеа.

Време е да почнеме да гледаме на вештачката интелигенција не како на непријател, туку како на сојузник во создавањето содржини, совладувањето вештини и пренесување на знаење.

Една од интересните нешта е што вештачката интелигенција го меша ликот на Никола Тесла со Доктор Стрејнџ од Марвел. Ова не е прв пат во историјата на медиумите и технологијата Тесла да биде поистоветен со налудничав научник или маѓепсник. Се сеќавате на цртаниот филм „Супермен и лудиот научник“ од 1941 година? Во тој анимиран филм Тесла е претставен како луд научник кој сака да го искористи неговиот „смртоносен зрак“ да го уништи Метрополис.

Во меѓувреме ви ги препорачуваме и нашите едукативни книгички за Алберт Ајнштајн и Никола Тесла, за кои се користени слики генерирани со помош на Stable Diffusion.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *