Breaking News

СКСЗМ ќе одржи работна средба со претставници на ВМРО-ДПМНЕ


Претставници на Стопанската комора на северо-западна Македонија (СКСЗМ) денеска ќе одржат работна средба со претставници на ВМРО-ДПМНЕ.


Како што информираат од СКСЗМ, денешната средба е дел од состаноците кои традиционално ги одржуваат пред изборите.


По настанот, како што најавуваат, предвидено е да дадат изјава за медиумите Менди Ќура, претседател на СКСЗМ и Христијан Мицковски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ. фф/аа/Фото: МИА Архива  .

Извор: МИА