Скапи лекови – терапијата за пациентите станува луксуз

Скапи лекови – терапијата за пациентите станува луксуз

Цените на лековите во Македонија двојно поскапи после ковид пандемијата – независно дали со или без рецепт. Граѓаните коментираат дека тешко е да си болен, а уште потешко да си дојдеш до основаната терапија зошто лековите се “изгор скапи”. Пензионерите – се жалат дека повеќе од половина пензија им оди за лекарства.

Велат дека секој месец се зголемува цената за таблетите за крвен притисок, за бубрези, за срце, за дијабетес или за која било друга терапија што им е неопходна. Секое следно влегување во апетка им е ново изненадување. Тие алармираат дека потребно е итно ревидирање на позитивната листа на лекови која 10 годни е непремонета.

Дека на здравството му треба “рестарт” алармираат и од Алијансата на пациетски здруженија.Од таму велат дека секојдневно пристигнуваат поплаки од пациентите дека има дефицит на одредени лекови, но и се жалат на здравствените услуги.

Посовремните лекови најчесто се поскапи, а некој од лековите што им требаат на паицентите не се на позитивна листа или воопшто не се регистринаи кај нас. Од овие причини голем број граѓани одат по лекови во странство затоа што таму се подостапни и поефтини.

Позитивната листа на лекови не е ревидирана повеќе од една деценија. И докторите критикуваат дека на оваа листа има непотребни лекови кои со години веќе не се произведуваат,а оние кои на граѓаните им се потребни и за нив живот значат – воопшто ги нема.

Во меѓувреме, изминативе години пациентите се соочија со сериозни предизвици во здравствениот систем. На пациентите со ретки болести им се заканува нова криза за недостиг на лекови. Дијабетичарите со месеци бараа инсулин, глукомери и ленти.Не беа исклучок и онколошките пациенти, и тие имаа дефицит на биолошка терапија.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста