Дојави за бомби и во Хрватска, евакуации во Врховниот и во пониските судови во Загреб и во Сплит

Дојави за подметнати експлозивни направи денеска биле примени во повеќе судски институции во Хрватска. Хрватските медиуми известуваат дека Врховниот и Вишиот кривичен суд во Хрватска добија дојави за поставена бомба, а во тек е евакуација на вработените.

-Добивме информации за можни експлозивни направи во неколку судови во градот. Во соработка со одговорните лица на институциите се утврдуваат сите околности, наведува загрепската полиција за Индекс.хр.

Неколку стотици вработени во Општинскиот и Жупанискиот суд во Сплит се евакуирани од зградите поради дојава за поставена бомба.

Оваа информација за Хина ја потврди портпаролот на Жупанискиот суд, Динко Мешин, кој рече дека дојавата за бомбата ја добиле по електронска пошта во 9:24 часот.

Во дојавата наводно пишувало „Зградите ќе бидат урнати“. Не го игнорирајте ова. Бомбата е поставена“.

Полицијата е на терен со кучиња и во моментов се врши увид на објектите.

Заканувачкиот мејл покрај сите судови го добиле и повеќето државни институции, а прва на листата на информирани за заканувачката бомба била Владата на Хрватска.

Во октомври годинава се уште непознати сторители испратиле дојави за 22 поставени бомби на повеќе локации во градот. Во јули годинава, пак, биле примени дојави за 11 бомби. Но, проверките покажаа дека сите тие биле лажни.

Претходна вестТренерот на МЗТ Петровиќ: Одбраната ни беше шуплива како сирење
Следна вестФорбс: Охрид е потценет град, треба да се посети