Хајдук, гордоста на Далмација и на Хрватска, денеска го слави 113. роденден

На денешен ден пред точно 113 години четворица сплитски студенти ги поставија темелите на нашиот клуб кој оттогаш гордо го носи името Хајдук, во чест и слава на Сплит, Далмација и на цела Хрватска“, пишува на интернет страницата на фудбалскиот клуб, Хајдук.

Симболот на патриотизмот, пркосот, чесноста и спортскиот успех кој дојде во наредните децении, а денеска почива врз истите вредности, како што наведува сплитскиот клуб, го основаа Вјекослав Иванишевиќ, Фабјан Калитерна, Луцијан Стела и Иван Шакиќ, со помош на Владимир Шор и на професорот Јосип Барач.

Тројцата прашки студенти успеале до декември 1910 и јануари 1911 година, да подготват сè за основање нов фудбалски клуб под името Хрватски фудбалски клуб Хајдук.

Клупските правила на Хајдук биле одобрени со одлука на 13 февруари 1911 година, што се смета за „извод од матичната книга на родените“ на Хајдук.

Не можејќи да се одлучат за името, младите момчиња побарале совет од мудриот стар гимназиски професор, Јосип Барач, кој уживал голема репутација во Сплит, особено кај средношколската младина.

Тие упаднале во неговата канцларија како ветер.„Професоре, помогнете, какво име да му дадеме на клубот, Борац, Хајдук, можеби Ускок, или…“.

Стариот професор се помислил чешајјќи се по брадата:

– Упаднавте непоканети, без тропање, како вистински (х)ајдуци. Затоа, еве ви име ХАЈДУК, (х)ајдуци… А како што знаете, како што ве учевме на училиште, тој збор ги симболизира сите најубави работи во нашата нација. Бидете достојни за тоа големо име“!

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО