Традиционален мото-собир на езерото Младост

52

Во организација на Мото клубот „Носачи на крстот МК“, денеска и утре (петок и сабота), на брегот на езеро Младост ќе се одржи традиционалниот мото-собир со учество на голем број на мотоциклисти од земјава и од странство.

Манифестацијата „Мото бич парти“ ќе се одржи на прва плажа на езеро Младост и за таа цел, паркингот на прва плажа ќе биде затворен за користење, од четврток вечер до недела, освен за потребите на собирот.

– Се замолуваат граѓаните да покажат разбирање за време на одржувањето на мото собирот и за користење на брегот на езерото да ги користат останатите паркинг-места или, пак, да користат други алтернативни превозни средства – известуваат од мото клубот „Носачи на крстот МК“.

Реализацијата на традиционалниот мото-собир е со поддршка на Општина Велес.