[Фото] „Славењето заврши, време е да се вратиме во реалноста“ – пост-осмомартовска урбана акција во Струмица

Еден ден по завршувањето на прославата и забавата по повод 8 март во угостителските објекти, на неколку локации во Струмица поставени се урбани инсталации и постери со пораки за правата на жените, информираше денеска Организацијата на жени од Струмица (ОЖС).

Целта на овие урбани акции, како што велат од организацијата е насочена кон подигање на свеста кај целокупната јавност за женските права и слободи.

„Пораките имаат за цел да ги поттикнат и локалните власти да преземат мерки за унапредување на родовата еднаквост, преку поголема вклученост на жените, девојките и граѓанските организации кои работат во областа на женските права во процесите на развој на локалните политики и во процесите на одлучување“, велат од ОЖС.

Акцијата ја спроведоа Центарот за современа уметност од Скопје и Организацијата на жени од Струмица.