(ВИДЕО) Оклахома опустошена од торнадо, најмалку четири лица загинаа

by Fokus

Најмалку четири лица загинаа, а десетици се повредени во торнадо во Оклахома, соопшти гувернерот Кевин Стит.

Стит издаде извршна наредба со која прогласи „вонредна состојба во 12 окрузи поради лошите временски услови“.

Речиси 30.000 луѓе останаа без струја по торнадата што започнаа доцна во саботата навечер.

Спасувачките екипи ги проценуваат штетите на куќите и деловните објекти.

Десетици торнада го опустошија централниот дел на САД од петокот, а предупредувањата за поплави беа на сила во неделата во Оклахома, Канзас, Мисури, Арканзас и Тексас.

Поврзани новости