Од ЈОУДГ „Детска радост“ - Гевгелија демантираат дека имало насилие врз повреденото бебе

Од градинката ЈОУДГ „Детска радост“, Гевгелија, со демант за наводното насилие врз бебе, споменато во објавата на пратеничката Ангелина Петкова.

-Во врска со објавата на пратеничката Ангелина Петкова од Гевгелија за наводно насилие врз бебе, најодговорно демантираме дека во ЈОУДГ „Детска радост“ од Гевгелија, имало насилие. Се работи за детска игра во малата група во клон Цветови каде настанале гребаници по лицето на едно од згрижените дечиња.  Случајот го пријавивме до надлежно Министерство за труд и социјална политика и очекуваме уште утре надлежен инспектор од МТСП да ја посетија установата. По извршениот инспекциски надзор, ќе бидете известени за стручниот наод. Дотогаш тврдењето на пратеничката Петкова го сметаме за тенденциозно и политички обоено со изнесени невистини за установата - се вели во демантот на градинката. 

Директорката на градинката Елизабета Стефановска, потенцира дека грижата за децата е императив на градинката. 

-Во соопштението на пратеничката Петкова, е очигледна грижата за одземените ингеренции на градоначалникот на Општина Гевгелија врз ЈОУДГ „Детска радост“ Гевгелија, од страна на МТСП, токму поради непостапување согласно законските надлежности во сферата на детската заштита што ги има локалната самоуправа - информира Стефановска.