Елмас: Секогаш кога доаѓаме го даваме најдоброто од нас за македонската репрезентација

Фото: Драган Митрески / Слободен печат

Во пресрет на утрешниот пријателски натпревар (18.00 часот) Македонија – Фарски Острови на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, своите очекувања ги сподели репрезентативецот Елиф Елмас.

Според играчот на Наполи, в понеделник нашата А селекција ја чека предизвик во кој ќе го даде максимумот.

– Сите ние во репрезентацијата секогаш кога доаѓаме го даваме најдоброто од нас за Македонија. Така ќе биде и утре со Фарски острови. Јас за репрезентацијата секогаш сум максимално мотивиран. Тоа што е Наполи, тоа останува таму и во моментов е небитно, размислувам само за Македонија. Секогаш се трудам да го дадам максимумот. Утре нѐ чека предизвик во кој ќе го дадеме максимумот, зашто знаеме дека Фарски острови имаат добра низа на резултати. Но, ќе излеземе на терен да го направиме тоа што ќе се договориме и тоа што го бара селекторот од нас – вели Елмас.

Селекторот Благоја Милевски ќе го искористи овој контролен меч да се испробаат разни варијанти кои ќе им помогнат за следните натпревари.

Фарски Острови на последните осум натпревари има само еден пораз, ја победи Турција и тоа доволно зборува дека денес нема слаби селекции.

Билети за пријателскиот натпревар Македонија – Фарски Острови може да се набавар на продажните места на „МКТикетс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот