Валтер: Очекувам интересен натпревар, Бидасоа е одлична екипа

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги очекува тешко гостување кај некогашниот европски шампион Бидасоа Ирун.

Тренерот Ларс Валтер и на овој дуел нема да може да смета на целиот ростер, бидејќи отпадна и Вилсон Дејвис поради повреда.

– Немаме многу време за подготовка за овој натпревар, па затоа важен ќе ни биде тренингот пред натпреварот во понеделник. За жал патуваме во Шпанија без Дејвис, кој се повреди, но во тимот се враќа Павле Атанасијевиќ. Бидасоа Ирун е одлична екипа, играат добро одбрана 6-0 и 5-1, а одличен е и нивниот среден бек. Играат убав, гледлив ракомет и верувам дека ни следи интересен натпревар, изјави Валтер.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Бидасоа се игра во Ирун, утревечер со почеток во 20:45 часот.

Претходна вестДисциплински мерки за четворица затворски полицијаци од Штип
Следна вестУтре без струја повеќе делови на Скопје