Просинечки: Се зборува сешто, дека многу пијам, дека Звонимир Бобан е геј…

Хрватската фудбалска легенда и актуелен селектор на Црна Гора, Роберт Просинечки, во разговор за „Спорт клуб“ кажа дека на овие простори е и неблагодарно да се биде на раководна позиција.

Запрашан за критиките кон Давор Шукер, легендарниот напаѓач на генерацијата што ја освои бронзата на Светското првенство во 1998 година, Просинечки рече дека секој различно гледа на луѓето на позиции. Шукер беше претседател на Хрватскиот фудбалски сојуз од 2012 до 2021 година.

„Добар сум со Давор, иако не се дружевме премногу ниту кога бевме играчи, ниту потоа. Се почитуваме кога и да се видиме, се поздравуваме и пиеме кафе ако треба. Знаеш како ти е кога ќе добиеш функција, особено како претседател на Федерацијата, тогаш доаѓаат критики и тоа е нормално, исто како кога си селектор. Многупати се искривува перцепцијата за луѓето, се зборува дека јас пијам, а не пијам. Се зборува дека Звоне Бобан е геј, а знам дека не е. Велат дека Шукер е стиснат и дека не дава ништо. Тоа се приказни, луѓето сакаат приказни“, вели популарниот Жути.

- Оглас -

Најнови вести