СОСТАВИ ЛШ: Анчелоти без изненадувања, Тухел со комбинирана средина

Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва на домашен терен ќе го пречекаат Баерн Минхен во реванш натпреварот од полуфиналниот двомеч во Лигата на шампионите.

Првиот натпревар во Минхен заврши без победник 2-2, а вечерва и двајцата тенери се одлучија без никакви изненадувања да истрчаат на „Сантијаго Бернабеу“.

Карло Анчелоти во нападот ќе тргне со бразилското дуо, Родриго/Винициус Жуниор, а поддршка ќе им биде и Џуд Белингем. Од друга страна Томас Тухел се одлучи за мало изненадување во средината каде ќе почне со Лајмер и Павловиќ.

РЕАЛ МАДРИД – БАЕРН МИНХЕН 

РЕАЛ МАДРИД: Лунин, Менди, Фернандез, Ридигер, Карвахал, Чуамени, Крос, Валверде, Белингем, Родриго, Винициус Жуниор.

БАЕРН МИНХЕН: Нојер, Кимих, Дајер, Де Лихт, Мазрауи, Лајмер, Павловиќ, Сане, Мусиала, Гнабри и Кејн.

Се вчитува...