За прв пат проговори таткото на исчезнатата Данка; Објави потресни зборови

Таткото на исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ, Милош Илиќ, првпат проговори.

Тој на својот Фејсбук профил ги напиша потресни зборови: „Злато на тато, тато ќе те најде“.

Да потсетиме, Данка исчезна вчера околу 14 часот во околината на Бор, а оттогаш по неа е започната опсежна потрага која се уште трае. 

Исто така, вчера, поради исчезнувањето на Данка, за прв пат во Србија беше активиран системот „Најди ме“, кој до сите корисници на мобилни телефони во Србија испраќа линк до Министерството за внатрешни работи, кој ги известува граѓаните за исчезнато малолетно лице.

Потрагата по исчезнатото девојче траеше цела ноќ, а продолжи и утринава, но условите на терен се отежнати бидејќи врне и се бара пошумениот простор.