Поврзете се со нас

Свет

Шевченко со уникатна судиска револуција ќе го решава најголемиот фудбалски проблем во Украина

Објавено

на

Foto:twitter.com/uafukraine

Андриј Шевченко е вистинска фудбалска легенда и своевремено важеше за еден од најдобрите светски напаѓачи, а од неодамна е прв човек на украинскиот фудбал и ја извршува одговорната претседателска функција.

Шева беше во посета на Скопје и доби убав поклон од македонскта Федерација минатиот месец, но сега се најде во центарот на вниманието поради судиската револуцијата која ја најавил за натпреварувањата во Украина.

Легендарниот Андриј има за цел да ги исфрли корумпираните судии од елитниот фубалски систем во Украина, па за да го направи тоа, ќе искористи неконвенционален пристап.

Според најавите, Шева значително ќе ја зголеми контролата врз судиите во Украина, такашто сите професиоални арбитри на одреден временски период ќе подлегнат на детектор за лаги.

Планот е судиите еднаш или два пати во сезоната да бидат поставени пред детекектор за лаги и така ќе се одредува дали правилно си ја вршеле својата работа, а дека Шева навистина е сериозен со оваа негова идеја може да се заклучи и од изјавата која ја дал во јавноста.

– Полиграфот го гледаме како можност да добиеме појасни информации за нашите судии. Така ќе дознаеме кои судии можат да ја завршат работата, а кои не. Ќе добиеме информации кои ќе ни помогнат да почнеме од нула, – вели Шевченко кој со овој потег сака да се зајакне транспарентноста и кредибилитетот во судењето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни