Новите британски визни прописи принудуваат илјадници Италијанци да ја напуштат земјата


Илјадници млади Италијанци, кои главно се вработени во угостителството во Велика Британија, наскоро ќе мора да ја напуштат земјата поради новите владини уредби кои пропишуваат дека за виза за странски стручни работници минималната неопходна плата треба да изнесува 38.


700 илјади фунти годишно, споредено со претходните 26. 000 фунти.


Како што наведува „Тајмс“, новите визни прописи автоматски ќе спречат групи млади угостители да работат и престојуваат во земјата, но и ќе влијаат на работењето на рестораните кои ќе се соочат со недостиг на персонал.

Правилото за минимална плата нема да влијае само на келнерите и пица мајсторите, пишува италијанскиот „Месаџеро“, кој ја интервјуирал Италијанката Алесандра Солинас, која магистрирала маркетинг во Велика Британија, но сега не може да ја најде работа во канцеларија со почетна плата од 38.


700 фунти. рп/Фото: ЕПА .

Извор: МИА