Далиќ: Им благодарам на Македонците за поддршката!

Селекторот на хрватскиот национален тим, Златко Далиќ, беше задоволен од победата над Канада, а им се заблагодари и на Македонците за поддршката која им ја даваат на Коцкестите за време на Мундијалот.

Македонски новинар му кажа на Далиќ дека Хрватска има голема поддршка во нашата земја, а тој се заблагодари.

„Ѝ благодарам на Македонија за поддршката која ни ја давате“, рече Далиќ.

Далиќ истакна и дека не се видел со канадскиот селектор по мечот.

„Не се појави, не ми честиташе. Очигледно господинот е лут. Јас сум учен секогаш да му честитам на противникот ако ме победи. Квалитетен тренер е, но уште мора да учи што е пристојност и спортска култура“, рече Далиќ.

- Оглас -

Најнови вести