Google објави ново издание на веб-прелистувачот Chrome, односно Chrome Enterprise Premium. Новата варијанта има бесплатна (Core) и платена (Premium) верзија.
Се работи за прелистувач дизајниран за деловни корисници и нуди поголема заштита на интернет. Ова е можно преку автоматско безбедносно ажурирање против новите закани и пропусти, како и персонализиран пристап за веб-страниците. Верзијата на браузерот блокира и сомнителни додатоци, што штити од можноста за хакирање.
Покрај тоа, постојат некои специфични дополнувања, вклучувајќи ја и можноста за менаџерите да ги ограничат документите што може да се прикачат или печатат. Chrome Enterprise е исто така компатибилен со друг корпораривен софтвер, вклучително и Google Workspace за лесна интеграција.
Постојат неколку клучни разлики помеѓу основната и платената верзија. На пример, Premium опцијата доаѓа со заштита од загуба на податоци и длабоко скенирање на малициозен софтвер. Други разлики се достапноста на филтрирање на адреси засновани на категорија, како и пристап со свесен контекст за SaaS итн.
Платената претплата е со цена од 6 долари месечно по корисник.