Анкета на ИРИ: Србија најважен сојузник за македонските граѓани, Бугарија најголема закана

од Nikola Popovski

Македонските граѓани ја сметаат Србија за најголем и најважен сојузник на државата. Ова го покажува анкетата на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Според истражувањето, за 34 отсто анкетирани во Македонија најважен сојузник е Србија, пред САД, за кои се определиле 17 отсто, трета е Турција со 12 отсто, а по нив Русија со 8 отсто и Албанија со 5 отсто.

Од друга страна, најголема закана за Македонија е Бугарија, одговориле 23 проценти од македонските граѓани опфатени со анкетата. На второ место е Русија со 12 отсто, на трето Косово со 10 отсто, на четврто Албанија со 9 отсто и на петто САД со 8 отсто.

Во анкетата било поставено и прашањето каков треба да биде курсот на надворешната политика на Македонија. Според резултатите, 31% од испитаниците одговориле дека надворешната политика треба да биде проЕУ и прозападна, за проруска со одржување на релациите со ЕУ и Западот се 11%, а за само проруска политика биле 5 отсто.

Во споредба со останатите земји во спроведената анкета, никој не ја смета Македонија за важен сојузник, ниту пак за закана.

Анкетата на ИРИ била спроведена во февруари и во март годинава со интервјуирање лице в лице на 7.138 возрасни испитаници во шесте земји на Западен Балкан.

Слични содржини