Промо тв Серии

ГОМОРА – сезона 2

Сезона 2 

По бегството од затвор, Пјетро сфаќа дека неговиот престој во Неапол ќе биде краткотраен и веднаш бега во Келн, оставајќи го кланот во рацете на Маламор и останатите членови кои му помогнаа да избега. Тој, исто така, планира одмазда за луѓето кои го нападнаа Џенаро, кој го преживеа пукањето. Чиро, во меѓувреме, склучува сојуз со Конте, на штета на врската со неговата сопруга Дебора.

Една година подоцна, Џенаро е излечен од повредите и повторно се соединува со својот татко во Германија, каде што се усогласуваат со Авитаблс. Откако договорот за оружје ќе тргне наопаку, Пјетро станува свесен за слабеењето на неговата моќ и решава да се врати во Неапол за да ја продолжи контролата над кланот. Чиро и другите членови на кланот се соочуваат со проблеми со планот на Конте за создавање монопол и стекнување апсолутна власт и смислуваат шема за да го убијат. Пјетро го гледа ова како совршена можност да се одмазди. Чиро дознава за враќањето на Пјетро и сака да преговара за решение. Внуката на Маламор, Патриција, го информира Чиро дека ќе може да преговара само со Џенаро. Внимателен од потенцијална заседа, Чиро оди кај Џузепе, заеднички пријател на него и на Џенаро, за да дејствува како гарант за време на нивните преговори. Џенаро на крајот ги прифаќа условите за порамнување поставени од Чиро, што го налути Пјетро. Џенаро објаснува дека убиството на Чиро би предизвикало војна без никакви граници и ја изразува својата желба да се фокусира на бизнисот.

Пјетро ја отфрла спогодбата и продолжува да води војна, откривајќи ѝ на Патриција дека сака да го победи својот син затоа што се свртел против него. Тој се сомнева во лојалноста на Патриција. Откако насилно убил друг член на кланот, тој поставува докази за да изгледа како убиството да е резултат на предавство. Чиро дознава кој е вистинскиот убиец и го информира Џенаро, а Пјетро ја убива ќерката на Чиро. Згрозен од постапките на неговиот татко, а истовремено сакајќи да го одгледа својот син, наречен Пјетро по неговиот дедо, во свет без меѓусебни борби и насилство, Џенаро се согласува и го информира Чиро за локацијта на Пјетро. Тоа му овозможуваа одмазда на Чиро.

ГОМОРА – ОД ПОНЕДЕЛНИК ДО ЧЕТВРТОК, 22:10

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

БАТИСТ прва сезона – сериски филм – НАСКОРО

Дејан Дејан

РУДНИЦИ НА СТРАСТА – НАСКОРО

Дејан Дејан

НИШТО ВАЖНО – сериски филм – НАСКОРО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе