Фатмир Битиќи поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ.
„Како потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, обврзан на етички и демократски вредности, одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата. Мојата оставка комплетно ќе се ефектуира кога останатите мои другари и другарки кои го сочинуваат партиското раководство ќе го направат истото – од првиот до последниот“, рече Битиќи во видео порака што ја објави на социјалните мрежи.