Краставицата луксуз за 1 мај, од 50 денари во петокот денеска достигна цена од 90 денари за килограм

Краставицата за 1 мај ќе биде лукуз. Ако во петокот на пазарот во Штип се проодаваше и купуваше по цена од 40 до 50 денари за килограм, денеска се нуди за дури 90 денари за килограм. Промена на времето, пониски температури или поголем извоз, трговиците не се сигурни на што се должи ваквата промена на цената на краставицата, ама согласни се дека е скапа за џебот на граѓаните. Останатата зелена салата со цени како и претходната година, велат продавачите.

„Цените се исти како и претходната недела, освен краставицата ција цена рипна од 60 денари на 90 денари за килограм. Побарувачката е задоволителна, ама цените се со нијанса повисоки од лани. Лани краставицата беше 50 денари за килограм сега е 90.“ – велат продавачите.

За разлика од марулата на пример, краставицата е полесна за подготовка и затоа се бара повеќе за празниците. Ама сегашната цена под знак прашалник ја става побарувачката, оти голем број граѓани само прашуваат, а не купуваат скапа краставица по 90 денари за килограм.

„Цените се исти, како од годините претходно како што е било за 1 мај. Најмногу се бара домат, краставица, зелка, полесно им е да се подготват, за разлика од марулата за која е потребно повеќе вода.“ – додаваат продавачите.

Пред празникот се бара и овошјето иако зелената салата е во центарот на вниманието. Трговиците и продавачите велат со покачување на дневните температури ќе има поголемо производство, а со тоа во периодот кој следи ќе се намали цената на зеленчукот.

Лаура Стојанова М-Нет