Ова не го бранат ниту пет голмани: Во Шпанија е изведен најидеалниот пенал кој некогаш е виден (Видео)

Фудбалерите на Еибар водат голема битка за врвот во шпанската Сегунда и се надеваат на враќање во Ла Лига. Изминатиот викенд тие го победија составот на Аморабиета со 5-0, но вниманието го привлече единствениот гол кој го постигнаа од пенал.

Агер Акече во третата минута од судиското продолжение на времето на првото полувреме изведе пенал, се чини поидеално од ова не можеше. Милиметарски прецизно го погоди аголот од голот на Аморабиета на воодушевување на навивачи, кои го снимија момент и го направија славен фудбалерот кој го изведе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести