Вардар пред нова победа во борбата за опстанок, дербито на колото се игра на „Чаир“ (Фото)

Фудбалските прволигаши денес во 17 часот ќе го одиграат комплетното 31-во коло. Возбудувања се очекуваат на неколку натпревари кои одлучуваат во борбата за титулата и излез во фудбалска Европа, како и на дното од табелата за опстанок.

Фудбалерите на Вардар на домашен терен во Маџари ќе се обидат да дојдат до нова победа во борбата за опстанок, против речиси испаднатата Македонија ЃП. „Црвено-црните“ имаат шест бода предност на три кола пред крајот против денешниот противник и со победа ќе обезбедат најмалку бараж за опстанок против екипата на Детонит Плачковица од Радовиш, но истовремено и официјално ќе ја испратат екипата на Македонија ЃП кон Втората лига.

Според квотите во Sport Life, Вардар е фаворит со квота од 2.15, додека „двојката“ на Маџари има квота од 3.10.

Големи возбудувања ќе има и во скопската населба Чаир, каде екипата на Шкупи ќе ја пречека Шкендија. Раководството на домашните најави слободен влез за мечот, па се очекува двете трибини на стадионот „Чаир“ да бидат исполнети до последното место.

Шкупи и Шкендија имаат по 58 бодови, колку што има и екипата на Струга, а борбата освен за титулата, ќе се води и за излез во фудбалска Европа, со оглед на тоа дека само двете најдобри екипи на табелата ќе ја видат Европа летово.

Според квотите во Sport Life, Шкупи е во предност со квота од 2.01, додека победата на Шкендија има квота од 3.35.

Актуелниот шампион на Македонија, екипата на Струга, на домашен терен го пречекува Гостивар. Стружани во следните две кола играат со директните конкуренти, најпрво на гости со Шкендија, а потоа и дома со Шкупи, па денешниот дуел со Гостивар е можност да три бода во пресрет на разрешницата за шампионската титула.

На останатите натпревари, екипите на Работнички, Брера и Воска со домашни победи ќе се обидат да дојдат до сигурен опстанок, а за противници ги имаат екипите на Тиквеш, Брегалница и Силекс.

- Оглас -

Најнови вести