Вестбрук исфрустриран се впушти да го тепа Дончиќ (ВИДЕО)

Далас води со 2-1 во серијата против ЛА Клиперс откако на домашен терен славеше со 101-90.

Далас сосема заслужено дојде до победата, но мечот беше пред се одбележан од страна на ветеранот Расел Вестбрук кој очигледно не можеше да се помири со начинот на кој игра неговиот тим.

Исфрустриран од расположениот Лука Дончиќ на спротивната страна, откако виде дека не може да го чува како што замислил во еден момент се впушти и да го тепа словенечкиот репрезентативец.

Поголем инцидент спречија другите кошаркари. На крајот , сепак, Вестбрук успеа во својата намера бидејќи Дончиќ се пожали на повреда на коленото и прашање е дали ќе биде комплетно подготвен за четвртиот натпревар. Дончиќ мечот го заврши на само една асистенција од трипл-дабл од 22 поени, 10 скока и 9 асистенции, а Вестбрук заврши со само еден постигнат поен.

Се вчитува...