ОДБИВМЕ ДА БИДЕМЕ ИЗБРИШАНИ И ЗАМОЛЧЕНИ, РЕКОА АКТИВИСТИТЕ НА 5. МАРШ ЗА ПРАВАТА НА ТРАНСРОДОВИТЕ ЛИЦА

    ОДБИВМЕ ДА БИДЕМЕ ИЗБРИШАНИ И ЗАМОЛЧЕНИ, РЕКОА АКТИВИСТИТЕ НА 5. МАРШ ЗА ПРАВАТА НА ТРАНСРОДОВИТЕ ЛИЦАМаршот се одржа во пресрет на 31 Март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица. (Фото: К. Попов)

    „Маршираме храбро – 5 години видливост“ е пораката која денес на марш во Скопје ја испратија од Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица ТрансФормА.

    Маршот се одржа во пресрет на 31 Март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица. Целта е, велат тие, да се намали насилството и дискриминацијата со кои секојдневно се соочува оваа маргинализирана група.

    „Видливоста е од суштинско значење во борбата за правата на трансродовите луѓе, особено во недоволно либерално и прилично затворено општество како македонското. Видливоста е вистински предизвик за стереотипите, ги разобличува заблудите и придонесува трансродовите луѓе да бидат прифатени како луѓе. Петтиот последователен Марш за видливост на транс луѓето во Скопје е всушност доказ дека трансродовите лица одбиваат да бидат избришани или замолчени и продолжуваат со својата битка да бидат прифатени како интегрални членови на нашето општество. Денес се обидуваме да ја зголемиме видливоста на трансродовите луѓе, која е од клучно значење за овие процеси со цел да се обезбеди адекватно правно и социјално интегрирање на овие лица во едно демократско и цивилизирано општество за кое Македонија барем декларативно се залага“, рекоа активистите.

    Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица Празникот беше основан од американската транссексуална активистка Рејчел Крндалд од Мишиген во 2009 година како реакција на недостатокот на ЛГБТ празници кои ги слават трансродовите луѓе, цитирајќи ја фрустрацијата дека единствен познат празник на трансродовите лица е Денот на сеќавање на убиените трансродови лица, но не ги призна и слави живите членови на трансродовата заедница. Првиот Меѓународен ден на видливост на трансродовите лица се одржа на 31 март 2009 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира