Нуњез ја премина границата – навивачите на Ливерпул бараат да му биде врачен отказ (ВИДЕО)

Ливерпул триумфално се збогуваше со Јирген Клоп, германскиот стратег кој по осум години поминати на клупата на тимот од „Енфилд“ заминува со освоено се што можеше да се освои.

Збогувањето беше емотивно, како на трибините, така и на теренот, но не и за Дарвин Нуњез. Уругвајскиот напаѓач беше уловен од камерите како при шпалир во чест на Клоп воопшто не аплаудираше на својот тренер што наиде на жестока реакција на навивачите на овој клуб кои отидоа и чекор подалеку барајќи отказ на социјалните мрежи.

Нуњез пристигна во Ливерпул како огромно засилување вредно 85 милиони евра, но не ги исполни очекувањата. Поради тоа доби намалена минутажа, а незадоволството од неа пак ја изрази и на социјалните мрежи каде ги избриша сите фотографии во дресот на Ливерпул.

Се вчитува...