Поврзете се со нас

Англија

Рајс обелодени зошто го избрал Арсенал пред Сити: Овој проект…

Објавено

на

foto: twitter.com/Arsenal

Деклан Рајс доста време беше еден вид на заштитен знак на Вест Хем, тим без кој не можеше да се замисли почетната постава на „чеканите“, но во одреден момент стана јасно дека тој е подготвен за поголем, позначаен предизвик во екипа со поголеми амбиции.

Неговиот потпис на крајот го доби Арсенал кој успеа да ја победи конкуренцијата во која беше и Манчестер Сити, тим кој доминира во Англија и кој е еден од најдобрите во Европа.

Сепак Рајс се реши да ги избере „топчиите“ и тоа поради една причина која се издвојува.

-Знам дека можев да играм со Родри и во Сити. Ама овој проект ми изгледаше повозбудливо и затоа избрав да дојдам во Арсенал, бидејќи верувам дека тука сме на големи работи, -рече Рајс кој говореше за Шпанецот за кого смета дека е најдобар на таа позиција на светот.

-Добро е, уживам. Ние сме различни играчи, чувствувам. Со Родри, тој е роден во Шпанија, отсекогаш бил природна шестка. По начинот на кој игра, можете да забележите дека толку долго работел под водство на Пеп (Гвардиола). Тој е многу поструктуиран од мене.

-Очигледно, оваа сезона бев поструктуриран. Но, во однос на начинот на кој играм, се чувствувам како… да бидам слободен уште малку. Постојат различни работи за кои се надополнуваме – но без сомнеж, тој е најдобриот на светот, -порача англискиот репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни