Распад-систем во Лејкерси, на тајмаут млада ѕвезда гледа во мобилниот телефон (Видео)

Актуелниот шампион Денвер нагетс утринава со 112:105 го совлада ЛА лејкерс и поведе со 3-0 во победи во првата рунда од плејофот во НБА-лигата, а еден момент од мечот покажува зошто сите се потсмеваат со Езерцата.

По мечот, легендарниот Чарлс Баркли во емисија во живо ги измеваше Лејкерси велејќи дека ќе бидат „изметени“ од Денвер во четири меча, а кошаркарските фанови низ целиот свет преку едно видео кое се појави на социјалните мрежи можеа да видат зошто легендарниот кошаркар се потсмева со екипата која има 17 шампионски титули и во своите редови го има Леброн Џејмс.

Имено, камерите ја уловија ѕвездата на Лејкерси, Д’анџело Расел, како за време на еден тајмаут седи одвоен од соиграчите и гледа во мобилниот телефон.

Расел, кого навивачите и медиумите во САД го гледаат како трета ѕвезда на екипата по Џејмс и Ентони Дејвис, натпреварот го заврши без ниту еден постигнат поен, промашувајќи ги сите седум шута.

 

- Оглас -

Најнови вести