„Македонија на овие избори се соочува со многу важен крстопат. Изборите се историски бидејќи основата на политичката трка на Македонија, ако ја поедноставиме, излегува дека е албинизмот наспроти вучизмот. Се наоѓаме во историски момент бидејќи по руската агресија во Украина, геостратегијата е целосно променета„ рече кандидатот за претседател од коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари.
Тој истакна дека Македонија по изборите мора да развие соработка со Тирана, Приштина, Софија и Атина.
„Првиот триаголник е Скопје, Тирана и Приштина, а вториот триаголник, кој е многу важен за развој е Скопје, Софија и Атина. За среќа, имаме коректни односи со Приштина, а со Тирана треба да биде што е можно посилна соработката и во иднина треба да размислуваме што повеќе да ја развиеме соработката со Софија и Атина. Овие два триаголници го спречуваат влијанието на Северот, или на руското влијание“, истакна Таравари од митингот со сограѓани иселени во Цирих.